Нов клупски рекорд: Огромно засилување за тимот на Алиоски (ФОТО)

Лидс по повеќе од 16 години повторно ќе игра во Премиер-лигата, но Марсело Биелса добро знае дека нема да биде воопшто лесно да се остане во елитата.

Токму поради тоа, тимот на македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски денеска го официјализираше најголемиот трансфер во историјата на клубот. Ново засилување за составот од „Еланд роуд“ е извонредниот офанзивец, Родриго Морено кој доаѓа од редовите на Валенсија.

29-годишниот фудбалер беше во минатот на мета и на Барселона, а денеска официјално претставен како нов играч на Лидс со нов клупски трансфер рекорд од 30 милиони евра. Иако од Лидс се уште официјално не ја објавиле сумата.

 

Се вчитува...