Нов кошмар за скапото засилување на Челси

Весли Фофана минатото лето дојде од Лестер во Челси во трансфер вреден 75 милиони фунти, но францускиот дефанзивец се соочи со многу проблеми со повреди поради кои не успеа да оправда ниту дел од огромната инвестиција на „сините“.

Овие проблеми се повторуваат и летово, откако Фофана не отпатува со тимот на турнејата во САД, по што денеска пристигна лоша вест – тој има проблем со лигаментите на коленото поради што ќе мора да биде опериран и го очекува повеќемесечна пауза од терените.

Информацијата ја потврдија и од медицинскиот тим на Челси, најавувајќи дека фудбалерот наскоро ќе почне со рехабилитациска програма, но не неведувајќи кога тој поточно би можел да се врати на терените.

За очекување е по ваквиот развој на настаните Челси да се врати на пазарот во обид да ангажира нов дефанзивец, нешто што досега не беше дел од плановите на Покетино и на газдата Боели.

Се вчитува...