Нов курцшлус во Реал: Зидан се лути на Бејл, Велшанецот не се залага на тренинзите

Не е ништо ново, Зинедин Зидан и Герет Бејл повторно имаат несогласувања. Французинот не го зеде во составот на последните три натпревари на „кралскиот клуб“, а тоа не е случајно. Зидан му се лути на Бејл затоа што не дава максимум на тренинзите. Велшанецот имаше повреда на зглобот, но ја надмина, а оттогаш не се труди на тренинзите да ја достигне оптималната натпреварувачка форма. Токму затоа и Зидан го изостави од тимот на мечевите против Сарагоса, Атлетико Мадрид и против Реал Сосиедад.

Несогласувањата меѓу тренерот и крилниот играч не се новина во Реал Мадрид, напротив, имаат долга историја. Зидан бараше од раководството на Реал Мадрид да го продаде Герет Бејл во летниот преоден рок, но Велшанецот одлучи да остане и да се бори за место во тимот со оглед дека има одличен договор со „кралскиот клуб“. Пропадна можноста за враќање во Тотенхем, а интересот за него го загуби и Баерн Минхен.

Зидан му порачал на Бејл дека нема да биде дел од составот на „кралевите“ се додека не ја достигне натпреварувачката форма.

Се вчитува...