Нов малер за Ливерпул – Стaриџ пак се повреди

Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стaриџ, нема многу среќа со повредите. Стaриџ пред два месеци се врати на теренот и успеа да постигне неколку голови иако има скромна минутажа во Ливерпул. Но, повторно се повреди и сега го чека нова пауза иако од почетокот на декември нема одиграно ниедна минута.

Тој прво пропушти неколку натпревари поради болест, а откако оздраве следуваше нов малер, се повреди на еден од тренинзите и се уште е неизвесно кога ќе се врати повторно на терен.

Не сум сигурен што се случува, но знаеме дека Стaриџ некое време не ќе може да игра. Прво беше болен, а сега се појави некој проблем со повреда на мускулот. Тоа не е тешка повреда, но дојде во незгодно време кога имаме многу натпревари“ – изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Многу е веројатно дека Стариџ во текот на јануарскиот преоден рок ќе си замине од „Енфилд“, во клуб каде би добивал поголема минутажа и би имал шанса да се бори за место во англиската репрезентација за претстојниот мундијал.

Се вчитува...