Нов меч, нов гол – Сицилија пак го слави Несторовски

Илија Несторовски продолжува со одличните настапи во дресот на Палермо, останувајќи главен адут на сицилијанскиот клуб во обид експресно да се врати во Серија А.

Сицилијанците вечерва го пречекуваат Про Верчели, а по неочекуваното водство на гостите токму Несторовски го израмни резултатот на 1-1 откако одлично беше проигран во противничкиот шеснаесетник, па мајсторски со удар со левата нога го матираше голманот на спротивната страна.

За Нестор-гол ова е трет погодок сезонава во Серија Б, откако претходно стрелаше прецизно при победата од 1-0 над Перуџа, како и при триумфот над Специја од 2-0.

Се вчитува...