Нов НБА-рекорд на Стеф Кари, Дурант се врати по повредата

Голден стејт славеше против Сакраменто со 117-113 во синоќешниот НБА натпревар, во кој Стеф Кари постави нов рекорд по бројот на постигнати тројки во еден месец.

Кари запиша 37 поени против Сакраменто, а во текот на натпреварот погоди седум тројки од 14 обиди. Ако се погледне само за месец април, досега постигна 85 тројки што е нов рекорд на НБА лигата во број на тројки за еден месец.

Од почетокот на месецот, Стеф Кари е на просек од 38,2 поени по натпревар, а неговите Вориорс во моментот се на десеттото место во Западната конференција.

Во редовите на Сакраменто најголем број поени, 25, постигна Бади Хилд.

На паркетот по една недела, поради присилна пауза од повредата на левата нога, се врати и Кевин Дурант чиј Бруклин славеше против Феникс со 128-119. Дурант во игра влезе од клупата, одигра, 28 минути и постигна 33 поени, со шест скока и четири асистенции. Поен повеќе од него постигна Кајри Ирвинг, кој имаше и 12 асистенции.

Се вчитува...