Ливерпул е далеку од одбрана на титулата, откако продолжува да тоне се подлабоко во својата агонија со слабите резултати во последно време. „Црвените“ претрпеа вистински дебакл од Нотингем Форест на домашен терен, губејќи со убедливи 0:3, и нансеувајќи им нов шок на своите навивачи.
Наверојатно е она што му се случува на Ливерпул, особено во одбраната, па така Муриљо во 33. минута донесе предност за гостите. Потоа и поништен гол за гостите, а Савона во првата минута од вториот дел донесе водство и од 0:2. Имаше време Ливерпул да се врати, меѓутоа наместо тоа, Гибс-Вајт во 78. минута донесе и трет гол во мрежата на повратникот меѓу диреците Алисон, за убедлив триумф на гостинската екипа.
Екипата на Фулам дојде до победа над Сандерленд со 1-0 со голот на Хименез во 84. минута од средбата. Брајтон со пресврт славеше победа над Брентфорд со 2-1. Откако гостите поведоа со голот на Тиаго од пенал, во вториот дел Велбек и Ниншелвуд донесоа три бода за домашните. Брентфорд можеше до бод, но Игор Тијаго промаши пенал во третата минута од судиското надополнување.
Кристал Палас со 0-2 на гости славеше кај Вулверхемптон, а Борнмут и Вест Хем одиграа нерешено 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

