Нов отказ во Бундеслигата, Келн остана без тренер!

Неколку часа по мечот Келн – Мајнц, падна и главниот тренер на „козите“. Келн имаше водство на вчерашниот натпревар, но гостите го свртеа резултатот и славеа со погодокот на Бареира во продолжението, што значеше дека Келн од денес ќе ја заземе позицијата седумнаесет.

Тоа беше доволно за водечките луѓе од Келн да му го предадат отказот на Маркус Гисдол, човекот што ги презеде во ноември 2019 година и минатата сезона го спаси Келн од испаѓањето на германската фудбалска лига. Новиот тренер сè уште не е објавен, но „козите“ ќе имаат уште многу работа во следните две кола.

Прво, тие ќе бидат домаќини на Леверкузен, а потоа ќе бидат домаќини на РБ Лајпциг.

Се вчитува...