Нов отказ за Франк де Бур

Никако да му тргне резултатски на холандскиот стратег Франк де Бур. Тој доби отказ и од Атланта Јунајтед, клубот кој се натпреварува во МЛС – лигата на САД. Покрај холандскиот тренер клубот го напуштаат и неговите соработници.

Де Бур на крајот на 2018 година на клупата на Атланта го замени Херардо Мартино. Екипата во регуларниот дел од сезоната 2019 година заврши како финалист на Источната конференција со 18 победи, 12 порази и четири ремија и освои два трофеи. Оваа година Атланта пред прекинот на сезоната оствари две победи, а откако натпреварувањето продолжи доживеа елиминација од турнирот во Орландо по трите порази со резултат 1-0.

Де Бур претходно шест години беше тренер на Ајакс, а потоа по една година работеше во Интер и во Кристал Палас.

Се вчитува...