Нов пораз на Денвер, Кеслер со блок донесе победа на Јута

Денвер го забележа четвртиот пораз во последните пет натпревари откако загуби со 116-110 на гостувањето кај Њујорк. На тимот од Колорадо повторно не му помогна „ол-ароунд“ натпреварот на Никола Јокиќ кој реализираше 24 поени, 10 скока и 8 асистенции. Домашниот тим го предводеше Брансон со 24 поени и 5 скока.

Драматичниот натпревар помеѓу Јута и Бостон заврши со победа на Џез од 118-117 откако домаќините успеаја да се вратат од негатива од 19 поени. Победничките поени ги постигна Хортон-Такер, додека шансата за победа на Селтикс ја спречи Кеслер со блок над Вилијамс во последните секунди од мечот.

Со поразот Бостон ја загуби втората позиција во Источната конференција и сега истата им припаѓа на кошаркарите на Филаделфија кои славеа со 121-141 на гостувањето кај Индијана на крилјата на Џоел Ембид и неговите 31 поен, 7 скока и 7 асистенции.


 

Се вчитува...