Нов пораз на Лејкерс, Јута го прегази Голден Стејт (ВИДЕО)

Продолжува очајната сезона на Лос Анџелес Лејкерс. По пчерашната катастрофа против Милвоки Бакс, тимот од ЛА вечерва загуби и на гостувањето кај Портланд Трејлблејзерс со 105-107.

Анферни Симонс со 29 поени беше убедливо најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените не беа доволни ниту 30 поени на Леброн Џејмс, надополнети со по седум скокови и асистенции.

Јута Џез стигна до убедлив триумф на домашен терен против Голден Стејт Вориорс од 111-85. Убедливо најдобар кошаркар во таборот на „џезерите“ беше Хрватот, Бојан Богдановиќ кој натпреварот го заврши со 23 поени. Вориорс кој на овој меч покрај Дрејмонд Грин кој подолго време е надвор од терените, недостигаше и Клеј Томпсон, а Стеф Кари имаше бледа вечер, па најефикасен беше Џордан Пул со 18 поени.

Во останатите натпревари од синоќешната понуда: Кливленд – Сан Антонио 105-92, Шарлот – Чикаго 109-121, Оклахома – Торонто 98-117 и Сакраменто – Минесота 132-119.

 

Се вчитува...