Нов пораз на „македонската“ Локомотива Загреб во Лига на шампиони

Хрватската Локомотива Загреб од која дел е македонското трио Гичевска, Дабевска, Седлоска доживеа пораз и во петтиот натпревар сезонава во Лигата на шампионите.

Овојпат подобар од хрватскиот шампион беше турскиот Кастамону со 26-23 Турчинките токму со оваа победа го забележаа првиот триумф сезонава и со тоа ги оставија Хрватките на дното на табелата во групата Б.

Од македонското трио Гичевска беше најдобра со три погодоци, Дабевска ја следеше со еден, додека Седлоска не се запиша во листата на стрелците.

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...