Нов пораз: Што се случува со Барса надвор од „Камп ноу“?

Барселона игра катастрофално на гостински терен од стартот на сезонава, откако каталонскиот гигант вечерва загуби од Гранада со 2-0, втор пораз на трите меча надвор од „Камп ноу“ во последните триесетина дена во „Ла Лига“.

Неуспехот е апсолутно заслужен ако се земе во предвид катастрофалното издание на актуелниот првак, кој не создаде стопроцентна шанса во противничкиот шеснаесетник. Гранада поведе по само 65 секунди игра, што е најбрз гол што Барса го примила во „Ла Лига“ во последните 16, и тоа по големата грешка на левиот бек Фирпо.

Лионел Меси не го почна мечот како што се најавуваше, но откако на одмор се замина со резултат 1-0 аргентинскиот ас влезе во игра во вториот дел. И тоа не промени речиси ништо на теренот, па не само што Барса не израмни, туку Гранада постигна и втор погодок. Артуро Видал само една минута по влегувањето во игра ја допре топката со рака, судијата покажа на белата точка, а Вадилјо ги постави конечните 2-0.

Се вчитува...