Нов предизвик за Чаби Алонсо – Станува тренер на германски великан

Поранешниот шпански фудбалер и репрезентативец на оваа земја, Чаби Алонсо, ќе стане тренер на Борусија од Менхенгладбах на крајот на сезоната, кога сегашниот тренер Марко Роуз ќе го напушти клубот. Шпекулациите за тоа кој ќе го наследи Роуз, започнаа во текот на зимата, кога се знаеше дека сегашниот тренер на Борусија ќе се пресели во Дортмунд на лето.

Поранешниот светски и европски шампион на „црвената фурија“ својата тренерска кариера ја започна во 2019 година во вториот тим на Реал Сосиедад, кој се натпреварува во третата лига на Шпанија. Претходно тренираше во помладите категории на Реал Мадрид, чиј фудбалер беше порано.

Одлична околност за Алонсо е што тој веќе го знае јазикот на оваа земја, бидејќи играше за Баерн Минхен во периодот од 2014 до 2017 година.

Се вчитува...