Нов проблем во Милано заради Ериксен – Интер треба да плати милионска провизија

Маките на Кристијан Ериксен во Интер и маките на Интер поради Кристијан Ериксен немаат крај.

Соработката што започна пред една година требаше во принцип да го подигне квалитетот на тимот од Милано, сепак, наместо тоа во последниот период нивната „љубов“ се претвори во агонија што станува сè посложена како што одминува времето.

Интер неуспешно се обидува да се ослободи од данскиот играч од средниот ред и неговите астрономски приходи од 7.500.000 евра, бидејќи малкумина се подготвени да издвојат толку пари само за плата на играч кој оваа сезона мина помалку од 400 минути на теренот, а причината не се повредите, туку едноставно не се вклопува во системот на Антонио Конте.

Во меѓувреме, Интер се соочи со нов голем проблем во кој Кристијан Ериксен не беше директно вклучен, но се крена прашина поради неговиот агент. Имено, агентот на Ериксен, Мартин Шотс го тужеше Интер за неплатена провизија во име на успешно завршените преговори минатата зима! Износот на провизијата привлече најголемо внимание, бидејќи станува збор за сума од 7.500.000 евра бруто, или околу 4.000.000 евра нето, што е еквивалентно на годишната плата на Ериксен во Интер.

Интер се наоѓа пред продажба, бидејќи одлуката на кинеските власти е да бидат прекинати деловните активности за домашните компании надвор од територијата на најнаселената земја во светот, што доведе моменталниот власник на Интер, Сунинг, повеќе да не може да го финансира клубот.

Се вчитува...