Манчестер Сити остана без петтиот важен играч од почетокот на сезоната откако клубот официјално ја потврди повредата на Бернардо Силва заработена на натпреварот против Црвена Звезда во првото коло од Лигата на Шампионите.
Португалскиот ас им се приклучи на Кевин де Брујне, Матео Ковачиќ, Џон Стоунс и Џек Грилиш, но добрите вест се дека не станува збор за потешка повреда и се очекува да се врати на теренот за десетина дена.
„За среќа не е сериозна повредата и Силва нема да биде дел од тимот десетина дена. Играчите имаат многу натпревари. Да се помалку натпревари ќе имаме помалку повреди. Досега имавме многу натпревари по ред без многу одмор. Тоа е причината за повредите“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА