Нов проблем за Гвардиола – Зинченко опериран

На долгата листа на проблеми со кои се соочува Пеп Гвардиола сезонава од денеска е додадено и отсуството на Александар Зинченко. Украинскиот лев бек беше еден од најстандардните во тимот на „граѓаните“ сезонава, но сега ќе мора да отсуствува извесен период откако му беше извршен хируршки зафат.

Операцијата на коленото минала без компликации, но според првичните најави Зинченко ќе мора да паузира неколку месеци од терените. Ова е причина за нова сериозна главоболка на Гвардиола, кој мора да се снаоѓа без најдобриот дефанзивец Лапорт, а на последниот меч во ЛШ против Аталанта се повреди и Родри, кој принудно од средниот ред беше прекомандуван во последната одбранбена линија.

Добра вест за „граѓаните“ е што барем Менди се рехабилитираше од својата повреда и ќе може да стартува од првата минута на следниот меч со Астон Вила.

Се вчитува...