Нов проблем за Јунајтед: Се повреди и Рафаел Варан

Проблемите со повредени првотимци во Манчестер Јунајтед стануваат се поголеми по секој нареден натпревар. Така, по саботниот дуел со Нотингем Форест беше обелоденето дека повреда заработил Рафаел Варан, а денеска стигна лоша вест – дека проблемот не е нималку наивен и францускиот интернационалец ќе мора да отсуствува подолго од еден месец од терените.

Тен Хаг по мечот изјави дека Варан бил повреден не сакајќи да ризикува состојата да му се влоши, но деталните прегледи покажаа сериозно истегнување на мускулот. Според првичните информации, екс-фудбалерот на Реал Мадрид ќе отсуствува најмалку шест седмици од терените, пропуштајќи низа значајни натпревари за „црвените ѓаволи“ почнувајќи од големото дерби со Арсенал што е на програмата претстојниот викенд.

Само за потсетување, Тен Хаг неколку месеци нема да може да смета ниту на стартниот лев бек Лук Шо, додека „во аут“ е и Мејсон Маунт, чиј камбек се очекува пред крајот на месец септември.

Се вчитува...