Нов проблем за Клоп – се повреди Алисон Бекер

Јирген Клоп секојдневно се соочува со се поголеми проблеми околу составот на Ливерпул, во последните денови беше обелоденето дека позитивни на коронавирус се Тијаго Алкантара и Садио Мане, за денеска стратегот на „црвените“ да остане и без помошта на Алисон Бекер.

Бразилскиот голман заработил повреда на последниот тренинг на „црвените“, при што веднаш станало јасно дека проблемот не е нималку наивен. Бекер дефинитивно ќе го пропушти вечерашниот натпревар против Астон Вила, а според првите неофицијални информации неговата пауза од терените ќе изнесува најмалку еден месец.

Клоп за вечерашниот дуел со Астон Вила покрај на Тијаго, Мане и Бекер, нема да може да смета ниту на Матип, Цимикас и на Окслејд-Чембрлен, а крајно неизвесен е настапот на капитенот Џордан Хендерсон.

Се вчитува...