Нов проблем за Саутгејт – Санчо го напушти тренинг-кампот на Англија

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и Англија, Џејдон Санчо се здоби со повреда и го напушти таборот на „Гордиот Албион“. Тежината на повредата не е позната, но од Англија потврдија дека ќе ги пропуштат натпреварите со Андора и Полска во квалификациите за СП 2022 година.

Санчо сеуште не го фати победничкиот ритам во Јунајтед, сепак, за среќа на навивачите, Мејсон Гринвуд е во добра форма од почетокот на сезоната.

Не треба да се заборави дека пристигна и Кристијано Роналдо во Јунајтед, па без оглед на тоа за каков тип на повреда станува збор, Оле Гунар Солскјер ќе има решенија за евентуална замена на Санчо.

Се вчитува...