Нов првотимец на Наполи позитивен на Covid-19

Џенаро Гатузо се соочува со нов проблем околу составот на Наполи откако вечерва беше обелоденето дека Фабијан Руиз е позитивен на коронавирус. Шпанскиот репрезентативец бил единствениот позитивен случај на тестирањето пред утрешниот дуел со Фиорентина, по што веднаш заминал во самоизолација.

Сите тестови извршени утрово беа негативни, со исклучок на оној на Фабијан Руиз. Шпанскиот фудбалер се наоѓа во самоизолација во својот дом“, објави Наполи на официјалниот профил на твитер.

На стартот од сезонава Гатузо поради коронавирус подолго време не можете да смета на Зиелински и на Елмас, додека во изминатите дваесетина дена од истата причина надвор од тимот беше и најскапото летно засилување, нигерискиот голгетер Осимен.

Се вчитува...