Нов рекорд на Андреас Трајковски во скок во далечина

Андреас Трајковски за само една недела, постави нов национален рекорд во скок во далечина. Минатата недела Трајковски скокна 7,41 метар во Лимасол, Кипар, а веќе денеска тој уште во првата серија прескокна 7,60 метри, со што го освои третото место, и постави нов македонски рекорд.

„Новиот македонски рекорд во скок гласи 7.60 метри. Дечкото кој не запира, Андреас Трајковски од АК Работнички доминира со рекорди.

Мината недела тој го постави новиот национален рекорд  7.41 метар во Лимасол, Кипар во скок во далечина. А денес на Меѓународниот атлетски митинг во Александрија, Грција…тој уште во првата серија прескокна 7.60 метри со што го освои третото место и постави нов македонски рекорд.“, се вели во објавата на Атлетската федерација на Македонија.

Овие денови беа резервирани за национални рекорди во македонската атлетика. Покрај Трајковски, Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд на маратон во Копенхаген, додека истиот успех го направи и Андријана Поп-Арсова исто така во Копенхаген.

Се вчитува...