Нов рекорд во Англија: За 12 часа навивачите потрошиле 32,5 милиони фунти за дресови на Роналдо

Неверојатна еуфорија владее помеѓу навивачите на Манчестер јунајтед за дресовите со името на Кристијано Роналдо. Статистиката покажува дека за само 12 часа откако дресот со број 7 беше ставен на продажба во клупските продавниците на Манчестер јунајтед, навивачите потрошиле неверојатни 32,5 милиони фунти.

Ова е апсолутен рекорд во Премиерлигата, а производителот на дресовите „Адидас“ има проблем да испорача доволно дресови до клупските продавници. Затоа навивачите чекаат со часови за да дојдат до дрес на Португалецот, а дел ги препродаваат на интернет и тоа по цена од 1.500 фунти.

Цената на дрес на Роналдо официјално се продава од 80 до 115 фунти.

Се вчитува...

buy windows 11 pro test ediyorum