Премиерлигата продолжува да ги поместува границите кога станува збор за ТВ правата, а тоа го покажува и новиот рекорден договор. Истиот стапува на сила од сезоната 2025/26 и изнесува 7.8 милијарди евра што е за две милијарди евра повеќе од важечкиот договор кој истекува со сезоната 2024/25.
Тоа ќе биде највредниот договор за ТВ права во историјата на британскиот спорт.
„Овој договор ја покажува силата на Премиерлигата и ги обврзува клубовите, играчите и менаџерите да продолжат на најдобар начин да им го претставуваат на луѓето најсилното светско натпреварување, да ги оправдуваат полните стадиони и довербата на навивачите кои прават феноменална атмосфера секoја недела“, изјави директорот на Премиерлигата, Риџард Мастерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА