Нов сериозен проблем за ЛА Лејкерс

Тимот на Лос Анџелес лејкерс се соочува со нов сериозен проблем откако една од најголемите „ѕвезди“ на екипата, Ентони Дејвис, заработи незгодна повреда и ќе мора подолг период да отсуствува од терените.

Дејвис, кој во последните години има бројни проблеми со повредите, настрада во третата четвртина од дуелот со Минесота, по што со многу мака го напушти теренот во Минеаполис. Деталните прегледи покажаа истегнување на лигаментите на левото колено, по што лекарите препорачаа пауза од најмалку еден месец од кошаркарските терени.

ЛА Лејкерс и покрај бројните проблеми со повредите имаат солиден скор од 16 победи и 14 порази и моментно се наоѓаат на шестото место во западната конференција.

Ентони Дејвис сезонава има просек од 23,3 поени, 9,9 скокови, 2,9 асистенции и 2 блокади по натпревар.

Се вчитува...