Нов шок на УС Опен: Ѓоковиќ елиминиран од Попирин!

Нова сензација на УС Опен. По елиминацијата на Карлос Алкараз, и Новак Ѓоковиќ загуби во третото коло на УС Опен.

„Џелат“ на Ѓоковиќ во Њујорк е Алексеј Попирин, кој славеше во четири сета со 6-4, 6-4, 2-6, 6-4.

Српскиот тенисер беше поразен по три и пол часа борба, доживувајќи ја најраната елиминација на еден грандслем турнир од 2017 година и Австралија опен. Ѓоковиќ имаше дури 14 двојни сервис грешки.

Првпат, по 2017 година Новак Ѓоковиќ годината ја заврши без освоен грандслем турнир. На Австралија опен играше во полуфиналето, на Ролан Гарос стигна до четвртфиналето, а на Вимблдон беше поразен од Алкараз во три сета во финалниот меч.

Се вчитува...