Нов шок во Англија – Дејвид Мојс и двајца фудбалери на Вест Хем на терен дознаа дека се ковид позитивни

Менаџерот на Вест Хем Дејвид Мојс и фудбалерите Иса Диоп и Џош Куле се позитивни на корона, потврдија од клубот. Неверојатна е ситуацијата што позитивниот тест дојде непосредно пред почетокот на мечот од лига купот со Хал Сити.

Мојс и двајцата фудбалери веднаш го напуштија теренот и заминаа во самоизолација. Мечот сепак почна, а тимот од Лондон веќе има водство од 1-0. За потсетување претходно денеска беше одложен мечот меѓу Лејтон и Тотенхем бидејќи десет фудбалери на домашниот тим се позитивни на коронавирус.

 

Се вчитува...