Нов скандал АФКОН: Фудбалерите на Нигерија не сакаат да играат во четвртфиналето

Нигериските фудбалери одбија да патуваат на четвртфиналниот натпревар од Африканскиот куп на нации поради неисплатени премии.

„Супер орлите“ изгледаат одлично на континенталното првенство, каде што по совршената групна фаза, беа убедливи во осминафиналето победувајќи го Мозамбик (4-0).

Иако се снаоѓаат добро на теренот, се чини дека не е толку добро надвор од него. Како што моментално стојат работите, Нигеријците нема да патуваат во Маракеш каде што ќе се соочат со Алжир.

Причината се неисплатените плати што им ги ветила федерацијата.

„Играчите и тренерскиот персонал на нигериската репрезентација сè уште чекаат исплати на бонуси. Бонусите за победа во четири натпревари сè уште не се исплатени. Тимот е сè уште фокусиран, но нема да тренира ниту да патува во Маракеш во четврток доколку ова прашање не се реши“, пренесуваат медиумите во Нигерија. 

Се вчитува...