Нов скандал во шпанскиот фудбал: Полициски претрес во федерацијата, куќата на екс-претседателот…

Шпанскиот фудбал се соочува со нов потрес откако полицијата во оваа земја ја интензивираше истрагата против челниците на федерацијата и спорниот договор со кој Суперкупот на Шпанија се одржува во Саудиска Арабија.

Федерацијата го потпиша тој договор со посредство на компанијата „Космос“ со која раководи Жерар Пике за вкупна сума од 40 милиони евра годишно, но властите сметаат дека има многу спорни аспекти во договорот, па решија добро да го „прочешлаат“. Затоа, во текот на денешниот ден по овластување на мадридскиот суд во акција тргна обвинител за организиран криминал.

Претрес беше извршен во просториите на федерацијата при што запленети се бројни документи, но и во домовите на екс-претседателот Луис Рубиалес и на уште неколку челници на шпанската куќа на фудбалот. Шпанските медиуми објавија дека седум лица се притворени како дел од оваа полициска акција, но нивниот идентитет засега не се објавува во јавноста.

Се вчитува...