Нов скандал во женскиот фудбал во САД: Тренер ги терал фудбалерките на сексуални односи

Американскиот тренер Пол Рилеј мораше да ја напушти клупата на Северна Каролина откако се најде во центарот на голем скандал кој го потресува женскиот фудбал во САД.

58-годишниот Рилеј во периодот од 2011 до 2015 година се најде во центарот на „мрачни приказни“ поврзани со сексуални испади кон порашени свои фудбалерки.

Една од неговите поранешни фудбалерки, Синид Ферили информираше за инцидент од 2011 година во кој, додека играла за Филаделфија, Рилеј ја присилил на сексуален однос и ноќевање во неговата соба. Сексуалните злоставувања продолжиле и по крајот на сезоната како и во периодот на 2012 година. За цело време и се заканувал дека не смее никому да каже инаку „тајната ќе ја однесе во гроб“.

Покрај сега 31-годишната Фирели уште една поранешна фудбалерка, Мана Шим детално зборуваше за бурното минато и односите со тренерот. Таа информираше дека Рилеј нејзе и уште една нејзина соиграчка ги однел во хотелска соба по една „пијана ноќ“ и ги присилил да имаат односи додека тој гледал.

И двете признаваат дека цело време добивале и некои чудни фотографии од тренерот.

Покрај овие две фудбалерки кои се осмелија да излезат во јавност има уште најмалку десет поранешни фудбалерки кои одлучиле нештата да ги зачуваат за себе.

Пол Рилеј во меѓувреме ја загуби тренерската лиценца, иако упорно тврди дека никогаш немал сексуални односи со свои фудбалерки, и дека на ниту еден начин не го навредувал нивното достоинство.

Се вчитува...