Нов случај на коронавирус во Манчестер Сити

Манчестер Сити денеска ја стартува новата сезона со гостување против Вулверхемптон, а тимот на Пеп Гвардиола се соочува со нов проблем по третиот позитивен случај на Covid-19 во таборот на „граѓаните“. По Ријад Марез и Ејмерик Лапорт од пред десетина дена, денеска позитивни биле и резултатите на Илкај Гундоган.

Манчестер Сити официјално ја потврди информацијата дека германскиот репрезентативец е позитивен на коронавирус. Тој не чувствувал симптоми од болеста, но следните десет дена ќе ги мине во самоизолација.

Ријад Марез го победи коронавирусот и ќе биде во комбинација за настап против Вулверхемптон. Од друга страна, Лапорт се уште не е максимално подготвен за настап и нема да игра на вечерашниот натпревар, исто како и најдобриот стрелец Серхио Агуеро, кој ќе паузира уште најмалку еден месец по незгодната повреда на коленото заработена во текот на летото.

 

Се вчитува...