Нов случај на коронавирус во Серија А

Продолжуваат проблемите со коронавирусот во фудбалската Серија А. Дуелот меѓу Лацио и Торино, кој требаше да се игра утре во 18:30 часот е под знак прашалник. Имено, тимот од Торино има неколку позитивни фудбалери и членови на стручниот штаб, а ова го вклучува „црвениот аларм“ во Италија.

Серија А даде јасни упатства пред почетокот на шампионатот во врска со коронавирусот. Веќе неколку клубови досега се казнети затоа што не ги следеле упатствата.

Торино веќе го одложи натпреварот со Сасуоло поради истата ситуација, а ново одложување би го искомплицирало веќе тесниот распоред на Апенините. Официјална одлука ќе биде донесена во наредните неколку часови.

Се вчитува...