Нов срам на Манчестер јунајтед во Премиер-лигата (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед доживеа нов срам под водство на Оле Гунар Солксјер откако во еден крајно мизерен натпревар загуби на гостувањето кај Вотфорд со 4-1. По првото полувреме „црвените-ѓаволи“ можеа да бидат и среќни што имаа негатива од само два гола откако за домаќините стрелаа Кинг и Сар.

Пред да бидат постигнати двата гола Давид де Хеа два пати успеваше да одбрани пенал и со тоа да го остави во игра својот тим. Во вториот дел гостите намалија на 2-1 со голот на Дони ван де Бек кој исто така има никаква минутажа под водство на Солскјер.

До крајот мизеријата да биде уште поголема Хери Мегваер доби црвен картон, а домаќините преку Педро во 91. минута зголемија на 3-1, а конечните 4-1 ги постави Денис во 96 минута.

 

 

ПРЕМИЕРЛИГА РЕЗУЛТАТИ 12. КОЛО: 

Вотфорд – Манчестер Ј. 3-1

Астон В. – Брајтон 2-0

Барнли – Кристал П. 3-3

Њукасл – Брентфорд 3-3

Норич – Саутемптон  2-1

Вулверхемптон – Вест Хем 1-0

 

 

Се вчитува...