Нов срам на Мурињо: Италија шокирана од хулиганскиот негов однос на меч на млади тимови

Жозе Мурињо е добро познат по неговото контроверзно однесување поради што голем дел фудбалски аналитичари и сметаат дека единствено поради своите манипулаторски вештини, а не некое фудбалско знаење, успева да плива во фудбалскиот свет.

Во текот на кариерата приредуваше бројни непријатни сцени, но и дефинитивно никој од него не очекуваше да глуми хулиган на мечот на млади тимови.

Мурињо приреди поприличен скандал за време на натпреварот на тимовите до 14 години меѓу Лацио и Рома. Следејќи го дуелот, во текот на мечот на дечињата на Лацио, како што пренесува „Ил Месаџеро“, им дофрлувал непријатни зборови обидувајќи се да ги деконцентрира. Притоа, пак, го советувал младите играчи на Рома да крадат време, да задржуваат игра, и да глумат повреди…

Сето тоа не му се допаднало на тренерот на младинците на Лацио, Тоби Асума, кој во еден момент му дофрлил.

„Не верувам дека ги учиш нешто паметно. Сакам да верувам дека ти не стана тренер на ваков начин“ – му рекол Асума на Мурињо.

Од однесувањето на Мурињо, кој повеќе личел на навивач-хулиган, отколку на господин со толкава кариера, прилични разочарани биле и родителите присутни на трибините. Но, не само родителите на момчињата од Лацио, шокирани биле и оние на дечињата на Рома.

Од Лацио по мечот вложиле и жалба за однесувањето на 60-годишниот Мурињо.

Се вчитува...