Нов срам за женскиот клупски ракомет – Пелистер доживеа дебакл во Челинџ купот

Битолскиот ракометен клуб Пелистер доживеа дебакл на гостувањето кај Зајечар во првиот натпревар од двомечот во Челинџ купот. Битолчанки беа декласирани од српскиот тим со 50-20.

Уште во првото полувреме домашната екипа ја покажа разликата во квалитет, дозволувајќи му на нашиот тим само седум гола, а резултатот на семафорот по 30. минути изнесуваше 26-7.

Во вториот дел продолжи доминацијата на српскиот тим за конечен триумф од 50-20. Јана Милошевиќ со 12 и Јована Богојевиќ со 9 гола беа најдобри поединци во победничкиот табор, додека кај битолчанки Моника Талевска го заврши мечот со шест гола.

Реваншот од 1/16 финалето во Челинџ купот на програмата е утре.

Се вчитува...