Нов срамен инцидент на навивачите на Партизан: Меѓусебна тепачка на пооделните фракции на трибините (ВИДЕО)

Нов срамен инцидент на трибините предизвикаа навивачите на белградски Партизан, пренесуваат српските медиуми.

Физичката пресметка меѓу членови на две фракции на навивачката група се случи во текот на третата четвртина од пријателскиот натпревар меѓу Партизан и Ефес Пилсен во Белград. Иако не се јасни точно причинита за тепачката, се претпоставуваа дека повторно на сцена се недоразбирањата меѓу фракциите кои траат со години.

Остатокот од трибините во „Штарк арената“ со свирежи ги испратија случувањата меѓу најверните навивачи.

А, на натпреварот од црно-белиот дрес се збогуваше долгогодишниот член на клубот, Новица Величковиќ кој доби овации од преполната сала.

Партизан на крај славеше против актуелниот шампион на Европа со 92-85, покажувајќи дека сезонава на чело со Жељко Обрадовиќ е главен кандидат за освојување на АБА лигата.

Се вчитува...