Нов стадион во Струмица вреден 25 милиони евра и со капацитет од 8.000 седишта (ФОТО+ВИДЕО)

Првиот човек на Беласица, Славчо Васков го промовираше планот за изградба на новиот стадион во Струмица. Стадионот „Благој Истатов“ ќе биде со капацитет од 8.000 гледачи, а во склоп на комплексот ќе има и два базени, две сали од кои една со вештачка трева и една со паркет и ќе биде пристапен не само за фудбалерите туку за сите спортисти од Струмица.

Се очекува целата инвестиција да вреди околу 25 милиони евра, а стадионот да биде готов во 2022 година кога клубот Беласица ќе слави 100 години од своето постоење.

Се вчитува...