Нов трипл-дабл за Дончиќ, Богдановиќ го реши Бостон (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас маверикс стигнаа до нова победа сезонава во НБА лигата откако славеа на гостувањето кај Јута џез со 105-115.

Најдобар поединец во таборот на Мавс повторно беше словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ кој натпреварот го заврши со нов трипл-дабл учинок од 29 поени, 13 асистенции и 12 скока. Кај поразените недоволни беа 34 поени на Лаури Марканен.

Aтланта хоукс го шокираше најдобриот тим во лигата откако славеше над Бостон селтикс со 120-118. Одлична вечер во победничкиот табор имаше Богдан Богдановиќ кој мечот го заврши со 22 поени. Кај поразените недоволни беа 37 поени на Џејсон Тејтум.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Кливленд – Шарлот 115-92, Торонто – Бруклин 88-96, Њујорк – Детроит 124-99, Сан Антонио – Феникс 104-102, Хјустон – Портланд 110-92, Чикаго – Вашингтон 105-107 и Денвер – Мемфис 128-103.

Се вчитува...