Нов трипл-дабл за Јокиќ, Денвер чекори кон плеј-оф (ВИДЕО)

Денвер оствари важна победа во борбата за плеј-оф, славејќи на гостувањето кај Шарлот со 113-109. Стандарно, најзаслужен за победата на Нагетси беше Никола Јокиќ кој запиша нов трипл-дабл.

Србинот го заврши натпреварот со 26 поени, 19 скока и 11 асистенции, две украдени топки, и четири загубени. На теренот мина 35 минути.

Него го следеа Гордон со 21 поен, додека Бардон уфрли 18.

Уште еден Србин блескаше ноќеска во НБА натпреварите. Богдан Богдановиќ одигра одличен натпревар оваа сезона, и ја предводеше Атланта до триумф над Индијана со 132-123. Репрезентативецот на Србија постигна 29 поени, и имаше 5 скока.

Торонто дури после продолженијата го „скрши“ отпорот на Бостон и ги совлада со 115-112. Продолженија имаше и на дуелот Портланд – Оклахома, кој заврши со 131-134 во корист на гостинскиот тим.

РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Денвер 109-113
Кливленд – Орландо 107-101
Индијана – Атланта 123-132
Мајами – Сакраменто 123-100
Њујорк – Чикаго 109-104
Торонто – Бостон 115-112 (по продолженија)
Хјустон – Сан Антонио 120-123
Мемфис – Голден Стејт 123-95
Портланд – Оклахома 131-134 (по продолженија)

Се вчитува...