Нов трофеј за Дејан Манасков

Дејан Манасков освои уште еден трофеј во својата фантастична кариера, прв за него сезонава откако со Веспрем триумфираше во Купот на Унгарија.

Вообичаено, големото финале од ова натпреварување минува во меѓусебни пресметки на Веспрем и Пик Сегед, а Манасков и соиграчите вечерва го надиграа вечниот ривал триумфирајќи со 28-26. Веспрем на полувреме имаше водство од 14-12, позитива што избраниците на Давид Дејвис ја задржаа до самиот крај.

Дејан Манасков го заврши натпреварот со два постигнати гола, a најефикасни кај Веспрем беа Јахија со шест и Ненадиќ и Мораеш со по пет погодоци.

Се вчитува...