Нов убедлив пораз на фудбалерките од Унгарија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија запиша и втор убедлив пораз против репрезентацијата на Унгарија во квалификациите за пласман на Светското првенство.

По поразот од 0-5 на домашен терен, нашите фудбалерки денеска загубија убедливо и на гостувањето во Унгарија со 0-7. Мајер стрелаше за 1-0 во 21. минута, а до крајот на првиот дел со автоголот на Панева беше 2-0.

Во вториот дел во листата на стрелци за Унгарките се запишаа и Папаи, Мајер, Кајан, Наѓ и Саванаја.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...