Нов удар за чаирчани: Поради скандирање политички пароли УЕФА со казна од 44.000 евра за Шкупи

Нов удар дојде за чаирчани по одлуката на УЕФА изречена заради недолично однесување на навивачите, користење на пиротехнички средства, како и скандирање политички пароли.

Клубот доби казна од 44.000 евра, а по ваквата вест, Шкупи излезе со соопштение за јавноста.

„Шкупи секогаш ја цени поддршката на фановите и ќе продолжи така, но понекогаш сцените на трибините се непосакувани. Поради дејствијата на некои неодговорни навивачи на натпреваирте во Европа, клубот е казнет од УЕФА со 44.000 евра“, стои во клупското соопштение.

По одлуката на УЕФА, Шкупи ги повика своите навивачи да не го повторуваат своето однесување во иднина.

Се вчитува...