Нов удар за Јуве – Квадрадо позитивен на Covid-19

Главоболките на Андреа Пирло во пресрет на утрешното дерби со Милан уште повеќе се зголемија откако новите тестирања на Covid-19 покажаа уште еден позитивен фудбалер на Јувентус. Станува збор за Хуан Квадрадо, кој исто како и претходниот случај со Алекс Сандро, веднаш замина во самоизолација.

„Можеме да потврдиме дека по последните тестови согласно протоколот, позитивен на Covid-19 е фудбалерот Хуан Квадрадо. Тој е асимптиматичен, но веќе се наоѓа во самоизолација“, се вели во соопштението на Јувентус.

Местото на Квадрадо на утрешното дерби ќе го заземе Данило, кој ќе стартува како десен бек на „Сан Сиро“. 

Се вчитува...