Нов удар за Србија пред Мундобаскетот, Пешиќ остана без уште двајца играчи

Селекторот на кошарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ потврди дека кошаркарите Ален Смаилагиќ и Урош Трифуновиќ нема да бидат дел од селекцијата на престојниот Мундобаскет.

Во среда Србија го игра единствениот меч пред својата публика пред настапот на Светското првенство, а Пешиќ го соопшти здравствениот билтен во селекцијата.

„На Смаилагиќ, за жал, не можеме да сметаме. Тој имаше тешко вирусно заболување, изгуби 6-7 килограми и воопшто не беше на тренинг. Трифуновиќ носи повреда која долго трае. Започна со нас, но не можеше да продолжи. Тоа се добри момци и мене ми е жал“, рече Пешиќ.

Србија на престојното Светско првенство ќе настапи драстично ослабена и без Јокиќ, Мициќ, Калинич, Јарамаз, Покушевски и Недовиќ.

Се вчитува...