Нова бламажа на Борусија Дортмунд, „милионерите“ посрамотени од Кил (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд им приреди уште едно големо разочарување на своите навивачи сезонава, откако загуби на гостински терен од Кил со 4-2, кој грчевито се бори за опстанокот во Бундеслигата. Дојде само до третата победа и го зема скалпот на големиот фаворит, благодарение на одличната игра во првиот дел, или подбро рачано благодарение на разочарувачкото издание на „милионерите“.

Водство од 3-0 на полувремет за Кил, што беше клучно за победата. Машино во 27. минута донесе предност, а Харес во 32. минута ја зголеми предноста. И кога се чинеше дека Борусија ќе тргне да намали, уште еден шок преку Бернхардсон во судиското надополнување во првиот дел.

Борусија беше блиску да направи целосен „кам-бек“. Рејна во 71. минута намали, а Гитенс во 77. минута донесе 3-2. Во 86. минута Кил остана без играч на теренот, но и тоа не беше доволно за „милионерите“. На крајот кога и голманот Кобел отиде во напад, Кил постигна и четврти гол преку Арп.

После овој пораз веројатно Нури Шахин ќе добие отказ, и на негово место ќе дојде Ерик тен Хаг.

Се вчитува...