Нова бомба на Здравко Мамиќ: Објави пораки со експлицитна содржина што судија ги испраќал на својата љубовница

Здравко Мамиќ ја продолжува војната со хрватското судство. Поранешниот претседател на Динамо веќе долго време е жител на Босна и Херцеговина, каде што и реши да најде засолниште откако беше осуден на шест и пол години затвор за проневера на пари од Динамо, па Мамиќ започна жестока војна со хрватското правосудство од БиХ.

Здравко објавува докази против хрватските судии на дневна основа. Тој овој пат презентираше бројни докази што зборуваат за нивната нечесност и злоупотреба на службена должност, а ова продолжи да го прави и денес.

Тој објави фотографии од експлицитни СМС пораки што судијата Бутелја Квешиќ и ги испратил на својата љубовница. Само вчера, Мамиќ го обвини истиот судија дека е „чудовиште“ и ја држи во заробеништво сопствената сопруга. Мамиќ не ги штеди судиите и силно сака да покаже дека судството во Хрватска е премногу корумпирано.

 

 

 

Zamolio sam vas da date ostavke i spasite se – završit ćete obečašćeni, prezreni, osuđeni i sami. Niste slušali. Znate…

Posted by Zdravko Mamić on Среда, 24 март 2021

Се вчитува...