Нова „бомба“ одекна во Мадрид: Халанд потпишува со Реал!?

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд наводно во иднина ќе го носи дресот на Реал Мадрид. Борусија Дортмунд е веќе минато, а ваквата одлука е донесена откако „кралевите“ на состанокот во Монако склучиле договор со претставниците на Ерлинг Халанд.

Според каталонскиот „Спорт“, во друштво на претставници на мадридскиот клуб и таткото на фудбалерот, Алф-Инге Халанд, со задоволство била завршена средбата, подавајќи си рака дека Халанд ќе биде нов напаѓач на Реал.

Суперагентот Мино Рајола, како што е познато, не бил на состанокот поради влошената здравствена состојба, па го испратил својот емисар Пименто, кој ги договорил клучните детали од договорот. Зделката вклучува доаѓање на Ерлинг Халанд на „Бернабеу“ ова или следното лето, а тоа ќе биде одлука на играчот. Во неговиот договор има клаузула за раскин од 75 милиони евра, што многу клубови се подготвени да ја активираат, но се чини дека Реал е најблиску до потпис со самиот фудбалер.

Како дел од овогодинешниот трансфер, за кој и претходно се шпекулираше, би можел да учествува и Лука Јовиќ, што би ја намалило цената за Ерлинг Халанд. На тој начин Реал би можел да ги добие двајцата најдобрите играчи во светот и тоа во еден преоден рок, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, дуо за иднината.

Се вчитува...