Нова „бомба“ во НБА лигата: Кевин Дурант има нов тим во спектакуларен трејд

Нова „бомба“ во НБА лигата. Кевин Дурант е нов кошаркар на Феникс санс во спектакуларен трејд во кој како негова замена во Бруклин заминуваат Мајкл Бриџис, Камерон Џонсон и Џи Краудер.

Сето ова, пак, значи дека Бруклин нетс, кој беше и со шампионски амбиции, сега брзо се распадна откако претходно клубот го напупти и Кајри Ирвинг.

Во Феникс покрај Дурант се сели и Ти Џеј Ворен, а Бруклин ги доби пиковите на драфтот 2023, 2025, 2027 и 2029 година што значи дека ќе можат од почетокот да го градат новиот тим.

Дурант со Крис Пол, Девин Букер и Диандре Ејтон ќе се обиде на Феникс да му го донесе шампионскиот прстен.

Се вчитува...