Нова „бомба во НБА: Вестбрук замина кај Харден во Хјустон

Хјустон Рокетс ќе го има најмоќниот бековски тандем во НБА-лигатаљ откако „ракетите“ договорија фантастичен трансфер, носејќи го во своите редови Расел Вестбрук. Експлозивниот плејмејкер беше решен да си замине од Оклахома откако тоа го стори Пол Џорџ (се пресели во ЛА Клиперс), а Вестбрук веднаш стави до знаење дека сака негова следна дестинација да биде клуб со шампионски амбиции

Хјустон одговори на предизвикот, па успеа да ја добие трката по поранешниот МВП на лигата. Договорени се сите детали, па така Оклахома во размена за Вестбрук ќе го добие плејмејкерот Крис Пол, како и избори од првиот круг што ќе му припаѓаат на Хјустон во следните неколку години. Пол беше во конфликт со Харден и едвај дочека да си замине, во игра за негов потпис беа уште неколку екипи, но плејмејкерот на крајот беше принуден да се согласи на преселба во Оклахома.

Нема сомнеж дека квалитетите на Харден и на Вестбрук се вонсериски, но истото се однесува и на нивната себичност, па интересно ќе биде да се види како ќе функционира овој тандем.

Се вчитува...