Нова бразилска традиција – Кашемиро 12. капитен на Бразил под водство на Тите

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кашемиро ќе биде 12. капитен на бразилската репрезентација во квалификациите за СП. Откако на селекторското столче на Бразил седна Аденор Леонадро Бачи, или попознат како Тите, репрезентацијата досега била предводена од 11 капитени.

На 16 квалификациски мечеви Бразил има 11 победи, четири реми и само еден пораз откако Тите ја применува новата традиција, Кашемиро ќе ја продолжи серијата против репрезентациите на Болија и Чиле, натпреварите кои на Бразил не им значат ништо, знаејќи дека пласманот на мундијалот е веќе обезбеден.

Пред фудбалерот од средниот ред, капитенската лента на овие квалификации ја носеа: Миранда, Дани Алвеш, Фернандињо, Филипе Луиз, Ренато Аугусто, Тијаго Силва, Кутињо, Паулињо и Нејмар.

Се вчитува...